

Hosted By
Инвеститорски вечери
Hosted by vaskobog
Registration
Past Event
About Event
За пари кај нас се шепоти.
За платите не прашуваме. За штедењето молчиме. А за тоа каде и како се вложуваат пензиските пари на сите нас, речиси никој не зборува јавно.
Затоа почнуваме „Инвеститорски вечери“, циклус отворени разговори со луѓето што управуваат со пари: портфолио менаџери од пензиски и инвестициски фондови и искусни индивидуални инвеститори.
Нема презентации. Еден гостин, еден разговор и простор за вашите прашања. Еднаш месечно, во Скопје и Битола.
Прв гостин е Горан Мартиноски, раководител на Секторот за управување со средствата во КБ Прво пензиско друштво. Ќе зборуваме за тоа како се одлучува со хоризонт од 30 години, кога сите околу тебе мерат месечно.
Hosted By