

ОМД Турнеја Германија - Бреттен, Карлсрухе
Првата станица на турнејата е Bretten, во околината на Karlsruhe!
Ве покануваме на отворена средба со тимот на Обединетата Македонска Дијаспора. Средбата ја организираме во партнерство со „Aleksandar Makedonski“ Kulturverein Karlsruhe e.V., кој ќе ни биде домаќин. Им благодариме за гостопримството!
📍 Bretten (Karlsruhe)
🗓️ Понеделник, 2 ноември
Покана е за сите Македонци од Karlsruhe, Bretten, Baden-Baden, Pforzheim и околината. Ќе зборуваме за ОМД, за она што сме го постигнале досега и за тоа како можете да се вклучите.
Ја градиме ОМД Германија! Целта ни е да ги поврземе Македонците во Германија во заедничка мрежа, во која соработуваме, си помагаме и создаваме нови можности за Македонија.
Влезот е слободен. Дојдете сами, со пријател, семејство или колега.
По пријавата ќе добиете посебен мејл со деталите за местото на одржување.
Обединети, можеме!